Достапни линкови

Ердоган: Критиките за „Аја Софија“ се напад врз турскиот суверенитет


Критиките кон Анкара поради можното претворање на музејот „Аја Софија“ во џамија претставуваат напад врз турскиот суверенитет, изјави денеска турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Тој предложи да и се врати статусот џамија, иако изградена меѓу 532-537 година по наредба на византискиот император Јустинијан Први, Аја Софија скоро еден милениум била најголемата црква во христијанскиот свет. По османлиското освојување на Константинопол во 1453 година од страна на султанот Мехмет Втори, таа била претворена во џамија, а во структурата биле додадени четири минариња. Нејзиниот статус беше сменет во музеј во 1934 година и во моментот е светско наследство на УНЕСКО.

Ердоган одговори на коментарите кои следуваа од другите земји, особено Грција, Франција и САД.

„Решени сме да продолжиме да ги заштитуваме правата на муслиманите, мнозинската религија во нашата земја, како и на сите припадници на другите вери и религии“, рече Ердоган по повод отворањето на џамија во Истанбул, пренесе Ројтерс.

Многумина во Турција го сметаат тековниот статус на „Аја Софија“ како симбол на секуларниот поредок на земјата.

Турскиот суд започна со разгледување на случајот за статусот на „Аја Софија“ на 2 јули, а одлуката се очекува во рок од 15 дена.

XS
SM
MD
LG