Достапни линкови

Врховниот суд на Турција ќе го разгледа статусот на Аја Софија


Аја Софија

Највисокиот суд во Турција треба да разгледа дали Аja Софија во Истанбул може да се претвори во џамија. Одлуката може да биде донесена денеска или во рок од 15 дена, јави државната новинска агенција „Анадолу“. Изградена меѓу 532-537 година по наредба на византискиот император Јустинијан Први, Аја Софија скоро еден милениум била најголемата црква во христијанскиот свет. По османлиското освојување на Константинопол во 1453 година од страна на султанот Мехмет Втори, таа била претворена во џамија, а во структурата биле додадени четири минариња. Нејзиниот статус беше сменет во музеј во 1934 година и во моментот е светско наследство на УНЕСКО.

Вартоломеј: Аја Софија треба да остане музеј, а не да биде џамија

Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган повика на враќање во џамија за време на изборен митинг во минатата година. Многумина во Турција го сметаат тековниот статус на Аја Софија како симбол на секуларниот поредок на земјата. Опозициските партии велат дека Ердоган се обидува да го одвлече вниманието на јавноста од економската криза и пандемијата на коронавирус. Аја Софија ја посетуваат милиони туристи секоја година. Соединетите држави ја повикаа Турција да не го менува статусот на Аја Софија.

XS
SM
MD
LG