Достапни линкови

Брод со 60 мигранти потонал во Турција


Илустрација

Брод кој потона во езерото Ван во источниот дел на Турција превезувал меѓу 55 и 60 мигранти, изјави денеска турскиот министер за внатрешни работи Сулејман Сојлу, додавајќи дека досега се извлечени шест тела и во тек е истрага, пренесе АП.

Во пребарувањето на теренот се вклучени хеликоптери и чамци. Причина за потонувањето на бродот било силното невреме. Локалните медиуми објавија дека мигрантите најверојатно се по потекло од Пакистан, Авганистан и Иран.

XS
SM
MD
LG