Достапни линкови

Почнува судењето на Боки-13 и Ременски за „Меѓународен сојуз“


Фросина Ременски и Бојан Јовановски - Боки 13

Во Кривичниот суд во Скопје денеска почнува судењето за случајот „Меѓународен сојуз“, во кој обвинети се Бојан Јовановски - Боки 13 и пратеничката Фросина Ременски. Првообвинет во случајот е Боки 13, а обвинети се и неговиот татко, Миле Јовановски, потоа Јасна Мандиќ, Христина Блажевска и пратеничката Ременски.

Според Обвинителството, тие се обвинети дека „ги измамиле бизнисмените Силјан Мицески и Ардијан Амзоски дека ќе учествуваат во проект за изградба на домови за стари лица, за што дале над еден милион евра“.

Ременски утрово изјави дека побарала изземање на обвинителката Вилма Русковска од овој случај.

Предметот е распределен кај судиите од случајот „Рекет“ - Васка Николовска - Масевска и Софче Гаврилова - Ефремова, која сега е на чело на судечкиот совет, а Николовска - Масевска е втор судија.

Првообвинетиот Јовановски веќе беше прогласен за виновен во случајот „Рекет“, за што му беше изречена 9-годишна затворска казна.

XS
SM
MD
LG