Достапни линкови

Седум години затвор за Јанева, девет за Боки 13 за случајот Рекет


Првообвинетиот Бојан Јовановски на пресудата за случајот Рекет.

Судот ги прогласи за виновни обвинетите во случајот Рекет - Бојан Јовановски и поранешната специјална обвинителка Катица Јанева. Првообвинетиот Јовановски доби казна затвор од девет години, а Јанева е осудена на затворска казна од седум години.

Во казните им се смета и времето поминато во притвор.

Јовановски е осуден за незаконско примање награда и перење пари, а Јанева за злоупотреба на службена положба и овластување

Обвинетата Катица Јанева не беше присутна на судот. Таа доставила известување дека не може да присуствува поради семејни причини.

Боки 13 во своето обраќање пред Судот по пресудата рече дека пресудата е дел од предизборната кампања и извикна дека парите треба да се бараат „кај Зоран и Вице Заеви“.

Јанева и Јовановски остануваат во притвор до правосилност на пресудата. Јанева е во домашен притвор, а Боки 13 во Шутка.

Политички последици од пресудата за „Рекет“

Сега веќе осудениот Јовановски се товари дека го искористил своето влијание врз Јанева и изнудувал бизнисменот Јордан (Орце) Камчев да им даде пари за да му ја олеснат положбата во истрагата. Камчев е осомничен во истрагата за случајот „Империја“, која ја водеше СЈО. Јанева го прифатила влијанието на Јовановски и ја злоупотребила својата положба.

Пресудата беше објавена во големата сала на Врховниот суд, поради големата медиумска заинтересираност за овој случај. Судењето за Рекет започна на 3 декември.

XS
SM
MD
LG