Достапни линкови

Германија од денеска претседавач на ЕУ


Францускиот претседател Емануел Макрон и германската канцеларка Ангела Меркел, Берлин, 29.06.2020.

Германија денеска го презема ротирачкото шестмесечно претседателство со ЕУ по 13-ти пат, а за време на мандатот нејзин приоритет ќе биде борбата против пандемијата на коронавирусот, како и економското и социјалното закрепнување на Европа. Германија го презема раководството на Советот на ЕУ од Хрватска, чиј мандат беше, исто така, во голема мерка обележан со пандемијата. Канцеларката Ангела Меркел и нејзиниот кабинет истакнаа дека сакаат да напредуваат во клучните претходно поставени цели, како што се заштитата на климата, дигитализацијата и одредувањето на европскиот буџет. Франција и Германија во мај предложија план од 500 милијарди евра за да и се помогне на Европа да излезе од големите економски штети од коронавирусот.

Макрон во Германија на разговори со Меркел

Француско-германскиот предлог предвидува давање грантови за земјите што се борат со закрепнување. Планот ќе биде на агендата на европскиот самит во Брисел следниот месец и бара едногласно одобрување од членките на ЕУ. Некои земји - Холандија, Австрија, Данска и Шведска, инсистираат на тоа дека помошта треба да биде во форма на заеми со тешки услови, а не во форма на грантови. Инаку, претседателството на Европскиот совет ротира меѓу земјите членки на ЕУ на секои 6 месеци.

Ковид-19: добра превенција и лоша економија

Во овој 6-месечен период, земјата претседавач раководи со состаноци на секое ниво во Советот, помагајќи да се обезбеди континуитет на работата на ЕУ во Советот. Земјите-членки кои го држат претседателството тесно соработуваат во група од три, наречено „трио“. Овој систем беше воведен со Лисабонскиот договор во 2009 година. Триото поставува долгорочни цели и подготвува заедничка агенда за утврдување на темите и главните теми на кои ќе се реши Советот за период од 18 месеци. Врз основа на оваа програма, секоја од трите земји подготвува своја подетална програма од 6 месеци.

XS
SM
MD
LG