Достапни линкови

Макрон во Германија на разговори со Меркел


German Chancellor Angela Merkel arrives for a joint video Германската канцеларка Ангела Меркел пристигнува на заедничка видео-конференција за новинари со францускиот претседател Емануел Макрон - 18.05.2020.

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска ќе ја посети Германија на разговори со канцеларката Ангела Меркел од почетокот на појавата на коронавирусот. До ова доаѓа пред Берлин да го преземе ротирачкото претседателство на Европската унија. Меркел ќе го прими Макрон на замокот Месеберг северно од главниот германски град. Додека Германија се подготвува да претседава со Советот на ЕУ за втората половина на 2020 година, „оваа средба ја одразува нивната заедничка желба за тесна координација меѓу Франција и Германија, по иницијативата од 18-ти мај“, соопшти кабинетот на Мкарон. Ова беше денот кога тие предложија план од 500 милијарди евра за да и се помогне на Европа да излезе од силните економски штети од епидемијата на коронавирус.

Самит на ЕУ за заживување на економија

Француско-германскиот предлог предвидува давање грантови за земјите што се борат со закрепнување. Планот ќе биде на агендата на европскиот самит во Брисел следниот месец и бара едногласно одобрување од членките на ЕУ. Некои земји - Холандија, Австрија, Данска и Шведска, инсистираат на тоа дека помошта треба да биде во форма на заеми со тешки услови, а не во форма на грантови.

XS
SM
MD
LG