Достапни линкови

Расте бројот на заболени од коронавирусот на Балканот


Белград- луѓе кои се можни носители на коронавирус чекаат пред болница да бидат тестирани

Во повеќе држави на Балканот денеска се регистрира пораст на заболените од новиот коронавирус. Во Бугарија, во последните 24 часа се направени 1528 тестови, а се регистрирани 112 позитиви, најмногу од нив во Софија, а потоа следуваат Пазарџик и Пловдив. Со ова вкупниот број на заболени кај источниот сосед се искачи на 4625.

Во Србија, според денешните податоци, во последните 24 часа се направени 4905 теста, позитивни од нив се 254 лица, а тројца починале.
Во Босна и Херцеговина за истиот период се регистрирани 108 нови заболени, поголемиот дел од нив работници во фабрика за преработка на риби.

Во Хрватска пак, како што се јавува, регистрирани 67 нови заболени со што вкупната бројка од почетокот на епидемијата досега во таа земја изнесува 2691, а 107 починаа. Грција има најмал број новорегистрирани случаи, 23 со што вкупниот број на заболени се искачи на 3366. Вкупно досега во таа земја починаа 191 лице.

Косовскиот премиер Авдулах Хоти предупреди денеска дека Владата, доколку продолжи актуелниот тренд на ширење на епидемијата на Ковид-19 во Косово да биде приморана да ги врати мерките на тоталната изолација. Во Косово последните денови е забележано зголемување на бројот на заразени од новиот коронавирус. Само во текот на вчерашниот ден се регистрирани нови 96 заболени, а вкупно досега, според последниот официјален извештај, има 2.590 заразени. Од нив 48 починале, додека 1.394 се излекувани, така што бројот на активни носители на вирусот изнесува 1.148.

Во Македонија, како што соопшти Министерство за здравство, во последните 24 часа се направени 870 тестирања, а регистрирани се 176 нови случаи на ковид-19. Починати се девет лица.

Инаку, денеска бројот на заболени од новиот коронавирус на светско ниво ја надмина бројката од 10 милиони луѓе, а од него од почетокот на пандемијата досега починаа речиси 500 000.

XS
SM
MD
LG