Достапни линкови

Белорусија пред изборите се пресметува со критичарите


Претседателот на Белорусија Александр Лукашенко

Властите во Белорусија се пресметуваат со несогласувачите пред изборите закажани за 9 август, соопшти меѓународната огранизација за човекови права, Амнести Интернешнл.

Од организацијата велат дека властите користат „репресивни закони за да ги задушат критиките пред изборите“, на кои претседателот Александр Лукашенко се кандидира за шести последователен мандат.

Претставничката на Амнести за Белорусија, Ајша Јунг, рече дека најмалку тројца истакнати белоруски блогери биле уапсени вчера, под, како што рече, „сурови“ обвиненија. Еден од блогерите, Ихар Лосик, е и консултант за нови медиуми на Радио Слободна Европа.

Лукашенко ги обвини Русија и Полска за мешање во изборите

Јунг вели дека опозициските кандидати, поддржувачите и независните медиуми се соочуваат со произволно апсење, големи казни и затвор, а сега белоруските власти се насочени кон активностите на социјалните медиуми. Уште најмалку двајца блогери се наоѓаат веќе во притвор и се соочуваат со кривични пријави.

Таа повика сите блогери веднаш и безусловно да бидат ослободени, велејќи дека никој не треба да биде казнет за користење на Интернет за да изрази мислење за владата и нејзините политики.

XS
SM
MD
LG