Достапни линкови

Нова снимка на Мицкоски и Кичеец на Јутјуб


Илустрација

Нова снимка од разговор меѓу лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и Зоран Милески-Кичеец се појави на Јутјуб. На снимката наводно се слуша како Мицкоски му вели на соговорникот дека треба да имаат директна комуникација, а не преку посредници на што Милески му вели дека тој е извршител и дека кога ќе му даде задача тој ќе ја изврши.

Мицкоски, како што се слуша во разговорот, му вели на Кичеец дека го имаат сликано како влегува кај бизнисменот Орце Камчев додека бил под ПИ мерки, на што се надоврзува женски глас “кога беше кај нас го имаат сликано како доаѓа“.

Зоран Милески е осуден на три години затвор за предметот „Рекет“, во кој со првостепена пресуда се осудени и поранешната специјална обвинителка Катица Јанева и Бојан Јовановски-Боки 13. Камчев беше главниот сведок во „Рекет“ и тврдеше дека од него биле изнудени еден и пол милиони евра со цел да добие полесн третман во случајот „Империја“ на СЈО, во кој бизнисменот беше еден од осомничените.

Пукаат „бомби“, никој не прашува од каде се

Во мај на Јутјуб канал именуван како „Facts and Figures“ се појавија четири аудио снимки на кои се слушаат разговори за кои се наведуваше дека се слушаат гласовите на Мицкоски и Милески и женска личност.

XS
SM
MD
LG