Достапни линкови

Почна седумдневниот референдум во Русија


Илустрација, гласачко место за референдумот во Русија

Во Русија денеска стартува седумдневното гласање на референдум за уставни измени кои може да го отворат патот за продолжување на владеењето на досегашниот претседател Владимир Путин за нови 12 години. Гласачките места се отворија денеска во 14 административни региони, соопштија надлежните. Денеска е првиот дел од седумдневното гласање за предлог уставните измени. Целта на ваквиот начин на гласање на референдумот е да се избегнат масовни собири и толпи, затоа што земјата сè уште се бори со пандемијата од ковид-19. Гласањето предизвика загриженост во јавноста затоа што бројките на ново заразени на дневна основа не се симнуваат под 7 илјади новорегистрирани заболени.

Денот закажан за референдумот еднаш беше одложен откако првично беше закажан за 22 април, но по избивањето на пандемијата беше закажан за 1 јули.Кремљ ги отфрла сомнежите за можно зголемено ширење на корона вирусот за време на седумдневното гласање затоа што, како што велат дека сите мерки за заштита се преземени.

Путин на Денот на Русија порача граѓаните да гласаат за уставните измени

Според сегашното уставно решение, Путин нема да може да се кандидира за претседател во 2024 година, поради ограничувањето на мандатот, но измените ќе му овозможат да се кандидира за уште два шестгодишни мандати. Реформата на Уставот исто така ќе ги промени овластувањата на Владата, ќе ја зајакне моќта на претседателот и ќе ја потенцира надмоќноста на руските закони над меѓународните регулативи.

XS
SM
MD
LG