Достапни линкови

Путин на Денот на Русија порача граѓаните да гласаат за уставните измени


Рускиот претседател Владимир Путин им додели медали „Златна ѕвезда“ на неколку лица како дел од активностите по повод Денот на Русија. Ова е негово прво појавување на јавен настан откако беа воведени ограничувањата во март со цел спречување на ширењето на коронавирусот.

Откако беше кренато руското знаме во Москва во чест на националниот празник со кој се одбележува државниот суверенитет стекнат во 1990 година, Путин им го честиташе празникот на Русите и ги повика да ги подржат измените на Уставот на референдумот закажан за 1 јули. Путин денеска изрази уверување дека уставните измени насочени кон заштита на историската вистина и неповредливост на границите на Русија, ќе бидат поддржани од мнозинството граѓани на престојниот референдум.

„ Предлозите за додавање на овие фундаментални и клучни принципи на рускиот Устав, досега честопати беа предлагани. Јас сум сигурен дека таквиот став го делат и поддржуваат апсолутно мнозинство од нашите граѓани, “ истакна Путин во своето обраќање без заштитна маска.

Путин: Референдум за уставни измени во Русија на 1 јули

Според сегашното уставно решение, Путин нема да може да се кандидира за претседател во 2024 година, поради ограничувањето на мандатот, но измените ќе му овозможат да се кандидира за уште два шестгодишни мандати. Реформата на Уставот исто така ќе ги промени овластувањата на Владата, ќе ја зајакне моќта на претседателот и ќе ја потенцира надмоќноста на руските закони над меѓународните регулативи.

XS
SM
MD
LG