Достапни линкови

Инциденти во Никшиќ и Подгорица


Тензии во Будва, Црна Гора

За време на синоќешниот протест на група граѓани во Никшиќ, кои се собраа заради настаните во Будва, имаше инциденти и судири со полицијата. Немири имало и во Подгорица, а блокиран бил и патот Беране - Бијело Поље. Никшичката полиција употреби солзавец, две лица се приведени, а четворица полицајци се повредени. „Вечерва група од околу 250 граѓани се собраа на плоштадот„Сава Ковачевиќ“ без најава и одобрение за да искажат незадоволство од настаните во Будва. Во оваа прилика, граѓаните оштетиле неколку полициски службени возила и повредени се четворица полицајци“, се вели во соопштението на Полициската управа. По неколку часа, се случи уште еден инцидент во Подгорица и полицијата повторно фрли солзавец откако собраните граѓани фрлале со камења кон полицијата.

Парламентарни избори во Црна Гора на 30 август

Немирите и инцидентите со денови траат во Будва. Новото мнозинство во Општинското собрание на Будва, предводено од Демократската партија на социјалистите, успеа да ги замени Марко Царевиќ и Крсто Радовиќ на седницата што се одржа во туристичкото одморалиште Словенечка плажа на 11 јуни, на која му претходеа инциденти. Дотогаш власта ја остваруваше коалицијата на демократите и Демократскиот фронт, но еден од нивните советници реши да ги напушти и да ја поддржи новата влада, и тие веруваат дека ова е политичка корупција. Тогаш имаше немири и апсења, но беше договорено да се обиде да најде компромис. Сепак, пред два дена, повторно имаше инциденти за преземање на власта, бидејќи пратениците и советниците на Демократите и Демократскиот фронт го пробија кордонот на приватното обезбедување и влегоа во зградата на Општината.

Препорачано

XS
SM
MD
LG