Достапни линкови

Ако не се придржуваат до мерките повторна забрана за собири во Србија


Српските власти во изминатите два денарегистрирале вкупно 190 нови случаи на коронавирус, јави дописникот на МИА од Белград. Имунологот и член на владиниот Кризнен штаб, Срѓа Јанковиќ, оцени дека има причина за загриженост, но дека верува оти не станува збор за втор бран на коронавирусот. Тој вели дека сега е важно луѓето да носат маски во затворен простор и да ја задржат дистанцата, бидејќи бројот на заразени лица укажува на тоа дека коронавирусот не поминал.

Тој кажа дека собирите се дозволени бидејќи бројот на пациенти го овозможил тоа, но предупреди дека тоа може да се промени.

„Доколку има зголемување, препораките може соодветно да се променат… Ако задржиме физичко растојание и ако повеќе луѓе прифатат да носат маска, се би било под контрола. Но, ако тоа не е случај, можеби ќе треба повторно да преземеме рестриктивни мерки, како што е забраната за собири“, вели Јанковиќ.

Според Јанковиќ меѓу заразените има и такви со потешка клиничка слика, но повеќето се млади луѓе со поблаги симптоми.

.

XS
SM
MD
LG