Достапни линкови

Видео самит ЕУ-Кина


кинескиот премиер Ли Киџианг

Европската унија и Кина ќе се обидат на денешниот видео самит да ги разладат тензиите. Станува збор за нивни први официјални разговори по заладувањето на односите околу европските обвинувања дека Пекинг шири дезинформации за новиот коронавирус. Претседателот на Европската комисија Урсула фон дер Лејен и претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел ќе разговараат со кинескиот премиер Ли Киџианг и претседателот Си Џинпинг. „Ние сме подготвени да работиме со Кина. Но, исто така очекуваме Кина да ги преземе своите одговорности како една од најголемите светски економии“, изјави висок официјален претставник на ЕУ кој помага во подготовката на самитот.

ЕУ: Русија и Кина ја минираат демократијата со дезинформации за коронавирусот

Дури и пред пандемијата, двете трговски страни имаа разлики, вклучително за Хонг Конг и за инвестициски пакт за кој се преговара. ЕУ, исто така, се соочи со американскиот притисок да заземе построг став кон Кина.

XS
SM
MD
LG