Достапни линкови

Во светот 400.000 починати од коронавирусот


илустрација

Смртноста од коронавирусот во светот во неделата достигна 400.000, а бројот на случаи, според извештајот на Ројтерс, расте во Бразил и Индија. Бројот на смртни случаи поврзан со ковид-19 за само пет месеци сега е еднаков на бројот на луѓе кои умираат годишно од маларија, една од најсмртоносните заразни болести во светот. Бројот на заразени се приближува до 7 милиони, со околу 2 милиони, или 30%, од случаите во САД. Како што пренесува „Ројтерс“, е Латинска Америка втора со над 15% од случаите.

Нови 111 случаи на коронавирус, двајца починати

Првиот смртен случај на ковид-19 беше пријавен на 10 јануари во Вухан, Кина, а во почетокот на април бројот на починати помина 100.000. Сега поминаа 24 дена од 300.000 до 400.000 смртни случаи. САД имаат најголем број на жртви во светот со скоро 110.000. Загинатите во Бразил рапидно се зголемуваат и таа земја може да ја престигне Велика Британија. Се верува дека вкупниот број на смртни случаи е поголем од официјално пријавените 400.000, бидејќи на многу земји им недостасува тестови, а некои земји не ги бројат смртните случаи надвор од болницата.

XS
SM
MD
LG