Достапни линкови

Хрватска враќа патници од Србија и БиХ


илустрација хрватско-словенечки граничен премин

Патници кои се обиделе да влезат во Хрватска од Србија и Босна и Херцеговина во текот на последните два дена, без да имаат валидна причина поддржана со документација, се вратени од границата во својата земја, пишува хрватскиот весник „Јутарњи лист“.

Ова е, како што се наведува, резултат на заострување на мерките на граничните премини со Србија и БиХ, со кои се поврзани повеќето новозаразени граѓани во Хрватска во последната недела.

Хрватскиот министер за внатрешни работи и началник на Националниот штаб Давор Божиновиќ изјави дека контролите на тие граници се зајакнати и пропишаните мерки се строго контролирани.

„Откако дојде до нови случаи на инфекција, а повеќето од нив беа поврзани со тие земји, започнавме да спроведуваме поинтензивни контроли во четвртокот. Секој што сака да влезе во Хрватска мора да ја каже причината за патувањето и да презентира придружни документи, како што е економски интерес во нашата земја“, рече Божиновиќ.

Тој истакна дека Хрватска не ги отвори во целост своите граници кон Србија и БиХ, како што е сторено со десет европски држави кои имаат добра епидемиолошка состојба.

XS
SM
MD
LG