Достапни линкови

Европскиот парламент ја усвои резолуцијата „Black lives matter “


Европскиот парламент ја усвои резолуцијата „Black lives matter “, преземајќи ги зборовите на светското движење против расизмот и полициското насилство, што започна од САД, пренесува АП.

Резолуцијата е директен одговор на протестите низ целиот свет по смртта на афроамериканецот Џорџ Флојд, убиен од бел полицаец за време на апсењето во Минеаполис.

Европратениците во резолуцијата –која беше усвоена со 493 гласови „за“, 104 „против“ и „67 воздржани“ наведуваат дека трговијата со робови е „злосторство против човештвото“.

Во текстот на резолуцијата, Европскиот парламент остро ја осудува смртта на Џорџ Флојд во САД, како и слични смртни случаи на други места во светот. Во текстот се дава поддршка за неодамнешните протести против расизмот и дискриминацијата и сеосудуваат облиците на бела надмоќ во сите нивни форми.Европските законодавци ги осудуваат интервенциите на полицијата „против мирните демонстранти и новинари во САД“, како и „распалувачката реторика“ на американскиот претседател Доналд Трамп.

Советот за човекови права на ООН исто така едногласно усвои резолуција во која се осудува системскиот расизам и полициското насилство, но по повлекувањето на реченицата која директно се однесува на Соединетите држави.

XS
SM
MD
LG