Достапни линкови

Братот на Флојд побара од ОН истрага за полициското насилство во САД


Филонис Флојд

Братот на Џорџ Флојд, Афроамериканец, кој почина при приведување во Минеаполис минатиот месец, го повика Советот за човекови права на ОН (УНХРЦ) да спроведе независна истрага за „полициските убиства на Афроамериканците“ во САД и „насилството против мирни демонстранти“.

Филонис Флојд го уапти повикот преку видео-порака, бидејќи највисокото тело за човекови права на ОН одржа дебата, која беше свикана на барање на африканските земји кои се залагаат истрага за полициската бруталност и расната дискриминација во САД.

„Вие во Обединетите нации сте чувари на вашите браќа и сестри во Америка и имате моќ да ни помогнете да добиеме правда за мојот брат Џорџ Флојд“, рече Филонис Флојд.

Тој порача дека животите на Афроамериканците во САД не се важни.

„Начинот на кој видовте како мојот брат беше мачен и убиен на камера е начинот на кој се третираат афроамериканците од полицијата во Америка“, додаде тој.

Погребан Џорџ Флојд чија смрт поттикна протести во САД и светот

Мишел Бачелет, највисокиот официјален претставник за човекови права на Обединетите нации предупреди дека убиството на Флојд „го симболизира системскиот расизам што им штети на милиони луѓе со африканско потекло“.

Трамп потпиша указ за реформа на полицијата

По масовните протести на национално ниво, предизвикани од смртта на Флојд, американскиот претседател Доналд Трамп на 16 јуни потпиша извршна наредба за зголемување на финансирањето за подобра обука на полицијата за употреба на сила и формирање на сојузна база на податоци за следење на полициското постапување.

XS
SM
MD
LG