Достапни линкови

Tрамп го потврди намалувањето на американските сили во Германија


Американскиот претседател Доналд Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека наредил поголемо повлекување на американските трупи од Германија иако членови на неговата партија го критикуваа тоа како „подарок на Русија“ и закана за националната безбедност на САД. „Ние го намалуваме бројот на 25.000 војници“, рече Трамп во Белата Куќа.

Соединетите Држави сега имаат околу 34.500 војници во Германија, што е значително помалку отколку за време на Студената војна, кога Германија беше во фокусот на американските напори и на НАТО за обесхрабрување на инвазијата од Советскиот Сојуз. Во последните децении, Германија беше домаќин на клучните воени објекти на САД и транзитна точка за трупите распоредени на Блискиот исток.

Русија ја поздравува најавата за повлекување на американските трупи од Германија

Трамп ја обвини Германија дека не плаќа доволно за својата одбрана, нарекувајќи го долгогодишниот сојузник на НАТО „престапник“ за неуспехот во исполнувањето на целта поставена од сите членки на НАТО во 2014 година да потроши најмалку два процента од бруто националниот производ на одбрана од 2024 година. Германија вели дека се надева дека ќе достигне два проценти дури во 2031 година. „Додека тие не плаќаат, ние ги повлекуваме нашите војници, голем број наши војници“, рече Трамп. Покрај 34.500 војници, во Германија има 17.500 цивили во служба на Секретаријатот за одбрана на САД.

XS
SM
MD
LG