Достапни линкови

Дексаметазон може да ја намали смртноста од Ковид - 19


Илустрација

Широко распространетиот и евтин лек, стероидот дексаметазон, може да ги спаси една третина од најсериозните случаи на Ковид-19. Ова е најновото истражување на британските научници, кое беше поздравено како „голем чекор во борбата против болеста“. Тимот истражувачи од Оксфорд им го дале на 2 илјади пациенти со тешка клиничка слика причинета од Ковид -19 и откриле дека за 35 проценти бил намален бројот на смртни случаи кај пациентите кои биле на респиратор, додека за една петтина биле намалени бројките на починати кај пациенти кои примале кислородна поддршка.

Истражувањето вклучило и 4 илјади други пациент кои не биле третирано со лекот.

„Ова е исклучително добредојден резултат“ изјави професорот Питер Хорби од медицинскиот оддел на Оксфорд.

Иако дексаметазонот се користи за смирување на воспаленија предизвикани од различни состојби, по се изгледа дека помага да се спречат оштетувањата кои во телото можат да се појават поради силната реакција на имуниот систем кој се активира во борбата со вирусот. Препораката е да се дава дексаметазон на болничките пациенти без одлагање. Но, никако не смее да се купува за да се користи во домашни услови, бидејќи според истражувањето, дексаметазонот не помага кај пациентите со лесни симптоми на корона вирусот. Лекот, е дел од широката палета на постоечките третмани кои се истражуваат, но влегува во категорија на лекови со најголем ефект.Истражувањето е финансирано до Британската влада и приватни донатори меѓу кои и фондацијата Бил и Мелинда Гејст.

XS
SM
MD
LG