Достапни линкови

Општина Струга една недела затворена поради вработен со ковид-19


Општина Струга донела одлука една недела да не работат службите во Општината, откако службеник вработен во општинската администрација во Струга е позитивен на ковид-19. Од Општината наведуваат дека повикале вработените во администрацијата да останат во самоизолација, а при евентуална појава на симптоми на коронавирус да ги контактираат матичните лекари.

Во меѓувреме ќе се анализираат и проверуваат сите контакти што вработениот ги имал со останати лица во Струга за да се откријат евентуални други инфицирани. Инаку, лицето позитивно на ковид-19 е во домашна изолација со лесна симптоматска клиничка слика, наведуваат од Општината преку соопштение.

XS
SM
MD
LG