Достапни линкови

Спасовски - Нема потреба од вонредна состојба, избори мора да има


Премиерот Оливер Спасовски во Струмица

Премиерот Оливер Спасовски денеска изјави дека веќе нема потреба од вонредна состојба и дека избори мора да има за да се вратат сите институции во полн капацитет, затоа што мора да се справуваат со пандемијата и со економската криза. Тој до денеска беше во самоизолација поради контакт со лице заразено со ковид -19, а денеска заедно со министерот за здравство Венко Филипче беше во посета на Струмица, каде извршија увид на работата на новото болничко крило во Струмичката болница

„Во моменти кога не може да се договорат политичките лидери настапуваат институциите на државата. Веќе нема причина за нова вонредна состојба во државата, уредбата предвидува дека 22 дена по завршувањето на вонредната состојба треба да се одржат изборите. Сите политички субјекти ги повикувам да излезат на политичкиот мегдан и да ги соочат своите концепти за иднината на државата и на основа на тие концепти да побараат поддршка од граѓаните“, рече премиерот Спасовски.

Заев согласен за избори на 8 јули

Вечерва истекува четвртата по ред вонредна состојба, а лидерите на политичките партии се уште не се договорила за датумот за избори.

XS
SM
MD
LG