Достапни линкови

Градоначалникот на Гази Баба позитивен на ковид – 19


Градоначалникот на Гази Баба, Борче Георгиевски е позитивен на Ковид-19. Тој синоќа е хоспитализиран на Инфективната клиника.

„Утрово го добив тестот, засега сум добар, немам температура и примам соодветна терапија пропишана од лекарите“, изјави Георгиевски.

Засега нема потврда од администрацијата во Општина Гази Баба дали вработени во општината ќе треба да одат во самоизолација.

Од градоначалниците на скопските општини позитивен на ковид-19 е и градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу.

XS
SM
MD
LG