Достапни линкови

Градоначалникот на Чаир е позитивен на КОВИД-19


Висар Ганиу, градоначалник на Чаир

Градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу преку социјалните мрежи соопшти дека е позитивен на Ковид-19.

„По извршениот тест вчера, сакам да ве информирам дека резултатот е позитивен. Од оваа положба уште еднаш апелирам и ве молам за внимание, почитувајте ги заштитните мерки и препораките“, се вели во објавата на чаирскиот градоначалник, напиша Ганиу на „Фејсбук“.

Тој вели дека длабоко се извинува и изразува жалење до сите со кои имал контакт изминатиов период. Градоначалникот е веќе во самоизолација поради контакт со заболен од коронавирус.

XS
SM
MD
LG