Достапни линкови

Десет пати повеќе заболени од коронавирус во Ерменија по олабавувањето на мерките


Ерменскиот премиер Никол Пашанијан

Ерменскиот премиер Никол Пашанијан предупреди дека состојбата со ширењето на коронавирусот во неговата земја е лоша, откако вчера владата ја продолжи вонредната состојба до средината на јули.

„Вчера беше забележан нов рекорд. Лекарите потврдија 723 нови случаи. Шестмина пациенти за жал починаа“, рече тој, додавајќи дека е „многу загрижен од овие бројки“.

Тој рече дека на работа дошол со кола и оти „од прозорецот можел да види дека луѓето продолжуваат да ги прекршуваат епидемиолошките правила за безбедност“. Владата вчера ја продолжи вонредната состојба до 13 јули. Ова е трето продолжување откако вонредната состојба беше прогласена на средината на март.

Ерменија почна да ги олабавува строгите мерки за заштита на средината на април, кога бројот на заболени почна нагло да се зголемува. Кога почна со олабавување на мерките, во земјата имаше помалку од 1400 регистрирани случаи, а сега да надмине 16 илјади инфицирани и 264 починати.

XS
SM
MD
LG