Достапни линкови

Ерменија го прослави Денот на Републиката без церемонија поради пандемијата


Ерменија го одбележа Денот на Републиката бе традиционалните јавни настапи и празнични церемонии поради рестриктивните мерки воведени поради спречување на ширењето на коронавирусот. Премиерот Никол Пашинин на граѓаните им го честиташе националниот празник во видео обраќање. Првата демократска република Ерменија постоела само две години, поради насилното преземање на власта од Советскиот сојуз. Својата независност Ерменија ја доби по распадот на Советскиот Сојуз во 1991 година.

XS
SM
MD
LG