Достапни линкови

Путин: Референдум за уставни измени во Русија на 1 јули


Рускиот претседател Владимир Путин

Рускиот претседател Владимир Путин објави дека на 1 јули ќе се одржи референдум за измени во Уставот на Руската Федерација, и покрај големиот број заразени со коронавирус. Според него, стапката на инфекција во Русија се намалила и постојат услови за безбеден референдум. Референдумот претходно беше закажан за 22 април, но Путин го одложи поради пандемијата. Според сегашното уставно решение, Путин нема да може да се кандидира за претседател во 2024 година, поради ограничувањето на мандатот, но измените ќе му овозможат да се кандидира за уште два шестгодишни мандати.

Рекорден дневен број на починати од Ковид-19 во Русија

Реформата на Уставот исто така ќе ги промени овластувањата на Владата, ќе ја зајакне моќта на претседателот и ќе ја потенцира надмоќноста на руските закони над меѓународните регулативи. Исто така, истополовите бракови би биле забранети, а „вербата во Бога“ се споменува во измените на Уставот како „една од традиционалните вредности“ на Русија. Во Русија над 400,000 луѓе се заразени со вирусот, а од почетокот на епидемијата починале 4.693 лица.

XS
SM
MD
LG