Достапни линкови

ЕУ известувачот за Македонија повика на договор за изборите


Известувачот за Северна Македонија во Европскиот парламент, Илхан Ќучуќ

Илхан Ќучуќ, известувачот за Северна Македонија во Европскиот парламент, ги повика партиите во земјава да изнајдат заеднички прифатлив датум за избори, јави МИА од Брисел.

„Сметам дека сите политичките чинители во Северна Македонија треба да најдат датум за изборите. Најважно е да се организираат слободни, фер и инклузивни избори, со целосно почитување на безбедносните здравствени протоколи, со цел да се конституираат целосно функционални институции, за да можат да се справат со кризите поврзани за Ковид-19 и претстојните преговори со ЕУ“, напиша Ќучук на Твитер.

На договор за датумот за избори денеска повика и претседателот Стево Пендаровски, кој соопшти дека нема потреба од вонредна состојба. Тој побара од лидерите на двете најголеми партии, СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Заев и Христијан Мицкоски, да ги надминат личните интереси, во име на државните интереси и интересите на граѓаните.

XS
SM
MD
LG