Достапни линкови

Термални камери на железничките станици во Солун и Атина


Архивска фотографија: Железничка станица во Атина

Како дополнителна превентивна мерка за мерење на температурата како на патниците, така и на вработените, на железничките станици во Атина и Солун се поставени термални камери, јави дописничката на МИА од Атина.

Камерите се поставени на иницијатива на управата на грчката железница и од утре ќе почнат да функционираат.

Од грчката железница соопштуваат дека камерите се дополнителна превентивна мерка, а и понатаму се во сила претходно преземените мерки, како што се задолжителна употреба на маска, поставени антисептици, секојдневна дезинфекција и слично.

XS
SM
MD
LG