Достапни линкови

Отфрлена пријавата за Беџети за платформите на Матка


Основното јавно обвинителство Скопје ја отфрли кривичната пријава против градоначалникот на Општина Сарај, Блерим Беџети, за кривични дела – Злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 став 1 и Несовесно работење во службата од член 353-в став 1 од Кривичниот законик, поднесена од Државната комисија за спречување на корупцијата, соопшти Обвинителството.

Иницијативата за кривично гонење ДКСК ја поднесе против градоначалникот Беџети поради сомненија дека свесно и намерно не презел дејствија и не донел конкретни управни акти во постапките за утврдување на правниот статус на бесправно изградени објекти, со што на физички и правни лица им овозможил бесправно да изградат деловни објекти од локално значење и времени објекти – платформи на езерото Матка, да стопанисуваат со нив и да остваруваат противправна имотна корист за себе и за друг.

XS
SM
MD
LG