Достапни линкови

Шилегов до Беџети: Реагирав како што реагираа сите граѓани


Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, ги отфрли сите обвинувања од градоначалникот на Сарај, Блерим Беџети, кој рече дека имал предлог од Шилегов да биде урната само една од дивите платформи, а останатите две да продолжат да се градат. Градоначалникот вели дека „тоа што се случувало на почетокот на оваа година не е ништо друго освен урбано дивеење“.

„Јас побарав да се сруши платформата која што сите знаеме дека се гради годинава, а за која градоначалникот Беџети тврдеше дека постоела неколку години наназад и дека на истата се врши реконструкција. Целата реакција на јавноста и на скопјани беше за изградбата на таа платформа, која е нова и која деновиве се има збогатено и со маси и ресторани и јас во момент го повикав градоначалникот на општина Сарај во оваа канцеларија и од него побарав предметната платформа да биде предмет на рушење. Тој изјави дека и останатите две се дивоградби, но градот за жал нема ингеренции врз дивоградбите, и каков е статусот на другите платформи на Матка ни е непознат“, вели Шилегов.

Тој додава дека тогаш како градоначалник изреагирал на тоа што сите како граѓани на Скопје и целата јавност реагирале, а тоа е, како што рече, градење на нова платформа.

„И денеска стојам на мислењето дека тоа е нова платформа и дека таа не смееше воопшто да се дозволи да биде предмет на градба. Како нешто што почнало да се гради годинава, започнало да се легализира пред една и пол година е прашање кое ќе треба да го одговори господинот градоначалник на Општина Сарај“, вели Шилегов.

XS
SM
MD
LG