Достапни линкови

Владата со одлука за засилена контрола, но не и воведување на полициски час


Владата

Владата на денешната седница донесе одлука да се воведат засилени контроли и мониторинг во таргетирани подрачја на градот Скопје и општините во главниот град, потоа во околните скопски општини Арачиново, Студеничани, Илинден, Петровец и Зелениково, како и во општините Куманово, Липково, Штип и Карбинци, Тетово и тетовски општини Боговиње, Брвеница, Теарце, Желино и Јегуновце, каде што е регистриран поголем број на новозаразени граѓани на Ковид 19.

Согласно овој заклучок, како што наведуваат од Владата, предлогот за воведување рестриктивни мерки ќе биде повторно разгледан во Комисијата за заразни болести.

Владата притоа ги задолжи МВР, Инспекцискиот совет и Финансиската полиција да изготват посебни акциски планови за контрола и за спречување на отстапувањето на мерките за заштита, како и санкционирање на секое непридржување до донесените мерки.

Владата заклучи и дека Државниот здравствен и санитарен инспекторат во секое решение за изолација што ќе биде донесено да стои дека е задолжително инсталирање на апликацијата „СтопКорона“ заради поголема прегледност и контрола со цел превенција на ширењето на вирусот. Секое прекршување, според соопштението, на одредбите од решението за изолација ќе биде санкционирано со државен карантин.

87 нови случаи со Ковид-19 и еден починат

Комисијата за заразни болести претходно предложи воведување на полициски час од 22 часот до пет наутро за градовите Скопје, Куманово, Тетово и Штип.

XS
SM
MD
LG