Достапни линкови

Ставот на Владата за изборите ќе се знае до петок


Влада на Република Северна Македонија

Вицепремиерот Бујар Османи денеска изјави дека до петок ќе се знае ставот на Владата за вонредната состоја кој заедно со мислењето на Комисијата за заразни болести за состојбата со пандемијата ќе бидат одлучувачки за датумот за одржување на изборите.

Османи додаде дека ставот за изборите на неговата ДУИ се заснова на два основни принципа - здрвајето на граѓаните и консензусот за одржување на избори.

„Вонредната состојба ќе влијае директно на изборите. Така што ќе почекаме до петок каков ќе биде ставот на Владата за вонредната состоја“, рече Османи на денешната прес-конференција, одговарајќи на новинарско прашање дали останува 5 јули за датум за одржување на изборите.

Согласно одлуката на претседателот Стево Пендаровски постојната вонредна состојба во времетраење од 14 дена, истекува на 14 јуни.

XS
SM
MD
LG