Достапни линкови

Нови 111 случаи на коронавирус, двајца починати


Медицински персонал во болницата 8 Септември во Скопје

Во изминативе 24 часа се регистрирани 111 нови случаи на коронавирус во земјава, соопшти Министерството за здравство. Најголем број од случаите се во Скопје – 63. Во Штип има 12 случаи, во Куманово 11, Кочани 9, Тетово 8, во Велес и Гостивар по 3 случаи и по еден во Охрид и во Крива Паланка.

Во последните 24 часа се направени 854 тестирања, од кои 103 теста се во рамките на скринингот во градинки преку ЦЈЗ Штип и Кочани, од кои 9 тестови на вработени во градинки во Кочани се позитивни на ковид-19.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа две лица, пациентка од Струга на возраст од 53 години и пациент од Прилеп на возраст од 80 години.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 6 оздравени пациенти.

Досега во земјата се направени вкупно 36325 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 3025, бројката на оздравени пациенти е 1646, на починати е 153, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1226.

XS
SM
MD
LG