Достапни линкови

Косово ја отвора границата со Албанија, нема самоизолација


Владата на Косово на денешната седница донесе одлука за олеснување на мерките за заштита од епидемијата на ковид-19, меѓу кои и за целосно отворање на границата со Албанија, јави дописникот на МИА од Приштина.

Министерот за здравство Арменд Земај изјави дека од утре, понеделник, се укинува мерката на самоизолација за лицата кои влегуваат во земјата, како и дека ќе се овозможи слободно движење на граѓаните и стоките, без полицискиот час кој беше во сила досега.

XS
SM
MD
LG