Достапни линкови

Делумно отворање на верските објекти во Велика Британија


Кози пред црква во Велс на 31 март 2020 за време на пандемијата на коронавирус

Британската влада ќе дозволи верските објекти делумно да отворат на 15 јуни, само за приватни молитви. Венчавките и другите свечености се уште нема да бидат дозволени.

Присутните треба да одржуваат физичка дистанца.

Министерот за заедници и локална управа Роберт Џенрик рече дека луѓето од сите вери „покажале големо трпение и толеранција“ за време на изолацијата, и дека не биле во можност да ги прослават Велигден, Бајрам, Пасха или Вајсахи на традиционален начин.

Според владиниот план за ублажување на мерките, верските објекти не би требало целосно да отворат најмалку до 4 јули, но владата за понатамошните мерки ќе дискутира во вторник.

XS
SM
MD
LG