Достапни линкови

Временска прогноза - Сончево со услови за дожд попладне


Илустрација: Споменикот на Александар Македонски се гледа во вирче од дожд на Плоштадот Македонија во Скопје

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локален дожд, а на места ќе биде нестабилно со пороен дожд и појава на грмежи, особено во источните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 16, а максималната ќе достигне од 22 до 30 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност, попладне со услови за локален краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер.

Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне 28 степени.

Во следните денови во претпладневните часови ќе преовладува сончево време со умерена облачност, а попладне ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Услови за нестабилност проследена со поинтензивни процеси ќе има во вторник.

XS
SM
MD
LG