Достапни линкови

Убиен шефот на Ал-Каеда на Магреб


Фотографија на Абделмалек Друкдал со неговите соборци од 2012 година

Лидерот на Ал-Каеда на подрачјето на Магреб, Алжирецот Абделмалек Друкдал е убиен во акција на француските сили на северот на Мали, соопшти француското министерство за одбрана.

Тој бил убиен во четвртокот во близина на границата со Алжир.

Министерката за одбрана Флоранс Парли на Твитер напиша дека се „неутрализирани и повеќемина негови соработници“.

„Абделмалек Друкдал, член на главниот штаб на Ал-Каеда, командуваше и со групите во северна Африка и во Сахел, меѓу кои е главната терористичка група на тоа подрачје“, наведе Парли.

На Друкдал, лидер на Ал-Каеда на исламски Магреб, сениоритетот му го признаваа бројни исламистички организации активни во Сахел во рамки на таканаречената Група за поддршка на исламот и муслиманите.

Исто така е објавено дека француските сили заробиле „важен член на Исламската држава Голема Сахара“, група која официјален Париз ја означи за главен непријател.

XS
SM
MD
LG