Достапни линкови

Љубе Бошкоски парите од отштетата ќе ги донира во борба за правда


Љубе Бошкоски

„Ова е за мене лично голема победа и предупредување – ниедна друга власт во иднина, посебно не извршната така брутално како во режимот на Никола Груевски да се меша во судската власт“, вели претседателот на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски, откако Судот во Стразбур донесе пресуда во негова корист во врска со случајот „Кампања“.

На Бошкоски треба да му бидат исплатени 4.500 евра за нематеријална штета и 1.220 евра за трошоци и расходи.

Тој вели дека сите средства кои ќе ги добие како отштета ќе ги даде во цели поврзани со правдата.

Бошкоски очекува процесот против него да биде обновен во една праведна постапка со ослободителна пресуда.

„Оваа пресуда на Судот за човекови права дефинитивно потврдува дека постоеше режим раководен од Никола Груевски кој ги жигосуваше политичките неистимисленици, во еден разработен систем во кој беа
вклучени и учествуваа сите сегменти од општеството“, се наведува во соопштението од Обединети за Македонија.

Бошкоски немал правично судење, пресуди Европскиот суд за човекови права

Европскиот суд за човекови права денеска пресуди дека на поранешниот министер за внатрешни работи Љубе Бошкоски му биле прекршени правата на фер судење, да повика и да испитува сведоци во текот на судскиот процес против него, по обвинувањето за нелегално финансирање на неговата партија „Обединети за Македонија“ за време на изборите во 2011 година.

Бошкоски за случајот „Кампања“, беше осуден на седум години затвор, а со намалување на казната, одлежа пет години во Идризово.

XS
SM
MD
LG