Достапни линкови

Бошкоски немал правично судење, пресуди Европскиот суд за човекови права


Љубе Бошкоски пред Суд за случајот Тортура

Европскиот суд за човекови права денеска пресуди дека на поранешниот министер за внатрешни работи Љубе Бошкоски му биле прекршени правата на фер судење, да повика и да испитува сведоци во текот на судскиот процес против него, по обвинувањето за нелегално финансирање на неговата партија „Обединети за Македонија“ за време на изборите во 2011 година.

Како што јави дописникот на МИА, Судот во однос на тужбата на Бошкоски против Република Северна Македонија констатира дека во текот на целото судење имало „недостиг на правичност“ согласно Европската конвенција за човекови права, поради што пресуди да му бидат исплатени 4.500 евра за нематеријална штета и 1.220 евра за трошоци и расходи.

Бошкоски во тужбата навел дека со посебните процедури за сослушување на заштитениот сведок биле нарушени правата на неговата одбрана и дека одржувањето на три рочишта зад затворени врати претставува повреда на право за одржување на јавна расправа.

Во пресудата на Судот за човекови права со седиште во Стразбур се посочува дека против Бошкоски беше покрената постапка за „наводна злоупотреба на службената должност и незаконско финансирање на изборна кампања во 2011 година“, под сомнеж дека примил 130.000 евра од еден пријател за финансирање на неговата партија, поради што беше уапсен на 6 јуни во 2011 година, еден ден по парламентарните избори и беше задржан во притвор сè до крајот на судењето.

XS
SM
MD
LG