Достапни линкови

Кадиев: Рекет е измислен за спас на обвинетите од Империја


Архивска фотографија - Катица Јанева, нејзиниот син Лазар Јанев и адвокатот Дељо Кадиев во суд за случајот „Рекет“, 8 мај 2020 година

Дали можеби предметот „Рекет“ е измислен за обвинетите од „Империја“ да бидат ослободени, праша Дељо Кадиев, адвокатот на обвинетата Катица Јанева, на денешното рочиште за предметот „Рекет“, на кој одбраната на поранешната специјална обвинителка ги дава своите завршни зборови.

Според Кадиев, има незаконитост на доказите, односно „Јанева била снимана од страна на бизнисменот Орце Камчев надвор од законот.

„Неовластеното снимање на Јанева е кривично дело. Судот не требаше да ги прифати овие докази, но ги прифати поради јавниот интерес. Материјалите од неовластеното снимање од може да се употребат во предметите на СЈО поднесени до 30 јуни. После тоа може да бидат само индиции“, рече Кадиев.

Според одбраната на Јанева, Камчев од други лица дознавал дека против него се води истрага во случајот „Империја“, а не како што тврдеше во сведочењето дека информаците му доаѓале од СЈО.

„Адвокатот Димишков му кажал на Камчев дека е ставен под ПИ мерки, а не Катица Јанева. Нелогично е Јанева да се гони дека наводно му помогнала на Камчев да излезе од притвор кога биснисменот изјавувал друго. Камчев потврди дека излегол од притвор заедно со десетина други притвореници и оти не верува дека дека тоа е поради пари“, рече Кадиев пред Судот.

По вчерашното рочиште за „Рекет“, на кое во завршните зборови обвинетиот Бојан Јовановски - Боки 13, рече дека случајот е политички инструиран, денеска завршни зборови дава Катица Јанева.

Јовановски е првообвинет за трговија со влијание и перење пари. Јанева, според обвинението, ја злоупотребила својата службена положба и за земање 50 илјади евра и подароци од осомничени во истраги кои ги водеше СЈО, за да ја олесни нивната положба во истрагите.

XS
SM
MD
LG