Достапни линкови

Боки 13: Лажно обвинение засновано само на изјавата на Камчев


Бојан Јовановски - Боки 13

„Пред вас е идниот лидер на оваа земја, бидејќи не учествувам во кривично правен настан, туку во политички прогон и 11 месеци сум држен во притвор, рече обвинетиот Бојан Јовановски, познат како Боки 13 во завршниот збор за случајот „Рекет“.

Бледите завршни зборови на јавната обвинителка Вилма Русковска која не беше присутна во судницата, според Јовановски, биле цитати од филмови, а не цврсти докази како што личи на ваков кривично правен настан. Тој порача и дека Зоран Милевски, кој го призна делото и беше осуден на 3 години затвор е пуштен со агенда, затоа што е агент провокатор и се ближат избори. Јовановски праша кој му дозволил на сведокот во случајот, бизнисменот Јордан Камчев да бара помош од Бугарија за да конструира вакво нешто.

„Ова лажно Луј Витон обвинение е засновано само врз изјавата на Јордан Камчев. Камчев може дал милион евра, а може и повеќе, но не на Бојан Јовановски. Можеби и затоа не дозволивте вештачење на мојот телефон“, рече Јовановски.

Не се вештачи неговиот телефон, како што нагласи тој, бидејќи ќе се види комуникацијата и врската меѓу Сашо Мијалков и тогашниот премиер Зоран Заев. Јовановски тврди и дека чантата Луј Витон на Зоран Милевски ја немал допрено и не знае што има внатре.

Случај „Рекет“ од почеток до крај

По Јовановски, завршните зборови утре треба да даде и поранешната специјална обвинителка, второбвинетата Катица Јанева, па дури потоа ќе следува рочиште за изрекување пресуда.

XS
SM
MD
LG