Достапни линкови

Брнс: Прелетот е знак за поддршката за нашиот нов сојузник


Амбасадорката Кејт Мери Брнс и министерката Радмила Шекеринска за време на прелетот на авионите на САД над Скопје

Прелетот на американските воени авиони денеска над Скопје е израз на нашата трајна поддршка за Македонија како и гест преку кој што ви посакуваме добредојде како 30-та ченка на НАТО, изјави американската амбасадорка во Скопје, Кејт Мари Брнс, откако денеска, во знак на добредојде во НАТО, два воени авиони на САД, прелетаа над земјава.

„Денешниот прелет е израз на нашата трајна поддршка за Македонија како и гест преку кој што ви посакуваме добредојде како 30-та ченка на НАТО. САД навистина покажува со овој начин дека е тука и го поддржува НАТО сојузот и нашиот нов сојузник. Овој прелет кој што денеска го проследивме е симбол на фазата на продлабочувањето на нашето партнерство“, рече Брнс, која прелетот на воздухопловите на американското воено воздухопловство го проследи со министерката за одбрана Радмила Шекеринска.

Два авиона на американското воено воздухопловство придружувани од два авиона на грчката воена авијација денеска извршија прелет над територијата на Република Северна Македонија во чест на нашето членство во НАТО. Американските авиони полетаа вчера од сојузната држава Јужна Дакота и имаа 30 часовен непрекинат лет со полнење гориво во воздух. Авионите над нашата земја летаат на височина од 1.500 метри и нивниот прелет ќе биде проследен со силен звук.

XS
SM
MD
LG