Достапни линкови

Столтенберг: Најдобар одговор против лажните вести е конкретната помош од НАТО


Јенс Столтенберг

По вчерашниот состанок на министрите за одбрана на земјите членки на НАТО, генералниот секретар на Алијансата Јенс Столтенберг се осврна врз проблемот со лажните вести.

“Земјите сојузнички на НАТО во Западен Балкан се цел на дезинформации од странски извори”, изјави тој, наведувајќи дека на тој вид пропаганда најдобро е да се одговори со конкретни дела на поддршка, наместо со реторика.

Хачинсон: НАТО формира тим за борба со хибридни закани во С. Македонија

Столтенберг потсети дека токму на Северна Македонија и се обезбедени, меѓу другото, медицинска опрема, полски болници, финансиска поддршка за борба против пандемијата на Ковид-19. Тој додаде дека се разговара и за дополнително зголемување на поддршката и за Северна Македонија и за другите земји членки на НАТО во регионот.

XS
SM
MD
LG