Достапни линкови

Во САД расте невработеноста поради пандемијата


41 милион Американци се пријавиле за бенефиции како невработени

Пандемијата со коронавирусот, односно мерките за нејзино спречување, носи се поголеми економски штети во Соединетите држави. Повеќе од два милиона Американци само во минатата недела поднесоа барање за бенефиции поради тоа што остана без работа.

Тоа е резултат од намалување на работните места во јавниот сектор и вториот бран на отпуштањата во приватниот сектор, предизвикани од појавата на коронавирусот.

Министерството за труд на Соединетите држави соопшти дека првичните побарувања за државни бенефиции за невработеност биле сезонски прилагодени со над два милионаи тоа за една неделата.

Оваа бројка ја истакнува постојаната штета врз деловните активности и животниот стандард од пандемијата.

Во САД повеќе од 100.000 починати од коронавирус

Од ковид-19 во Соединетите држави досега починаа над 100.000 луѓе.

Тоа е повеќе од бројот на Американци кои загинаа во Виетнам и Корејските војни заедно.

Кон овој мрачен економски поглед, податоците покажаа дека трошоците за опрема за деловни активности исто така паднаа во април.

Во САД расте невработеноста
Во САД расте невработеноста

Тоа е знак дека првиот квартал од економската контракција, најстрмната од рецесијата 2007-09 година, би можело да се продлабочи во вториот квартал.

Ова и покрај тоа што првичните побарувања за бенефиции поради загубени работни места се намали откако во крајот на март достигна рекордни скоро седум милиони.

Со податоците од 28 мај, од средината на март досега вкупно околу 41 милион Американци се пријавиле за бенефиции како невработени.

Трамп нема да ги затвори САД ако има втор бран пандемија

Стапката на невработеност на Соединетите држави во април беше 14,7 проценти, највисока од Големата депресија, а многу економисти велат дека овој месец може да биде близу 20 насто.

Економските советници на американскиот претседател Доналд Трамп предвидуваат дека ситуацијата ќе се влоши и во јуни.

Според нив, тоа ја наметнуваа потребата од брзо отворање на економијата за да не дојде до трајни економски штети.

Стапката на невработеност на Соединетите држави во април беше 14,7 проценти, највисока од Големата депресија.
Стапката на невработеност на Соединетите држави во април беше 14,7 проценти, највисока од Големата депресија.

Соединетите држави донесоа повеќе пакети за помош во износ од над 3 трилиони долари, што го оптовари буџетот.

Првиот пакет во март изнесуваше 2 трилиона и беше најголемиот пакет помош во американската историја.

500 милијарди долари беа директни плаќања за граѓаните, 200 милијарди долари заеми на големите индустрии и 300 милијарди американски долари заеми за мали бизниси.

Над 20 милиони Американци останаа без работа

Демократските конгресмени сметаат дека се неопходни натамошни пакет мерки.

Меѓутоа, ваквите барања се соочуваат со отпор од републиканците, а некои демократи изразија разочарување што со нив не се гарантира целосна исплата на личните плати.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG