Достапни линкови

Откажано лансирањето на вселенското летало на „SpaceX“


Астронаутите Боб Бенкен и Даг Харли

Лансирањето на првото човечки управувано вселенско летало на компанијата „SpaceX“ е откажано - петнаесет минути пред планираното полетување поради лошите временски услови, објави НАСА. Астронаутите Боб Бенкен и Даг Харли веќе беа во капсулата, а американскиот претседател Доналд Трамп и неговата сопруга Меланија, како и потпретседателот Мајк Пенс и неговата сопруга дојдоа да го следат историскиот настан.

НАСА за прв пат по скоро 10 години од САД ќе лансира астронаути

Шефот на НАСА беше оптимист, додека експертите кои го набљудуваа времето даваа можност за лет од 50/50 проценти. Ова е првиот човечки управуван вселенски лет од САД од 2011 година. Следниот обид е закажан за сабота во 3:22 часот по локално време. Тогаш има 60 проценти шанси времето да биде добро, но како и секогаш на Флорида, можно е невреме во пролет.

XS
SM
MD
LG