Достапни линкови

Филипче: најверојатно нема да се бараат тестови на граница


Министерот за здравство Венко Филипче

“Во моментов правиме координација на ниво на околните земји, во секојдневна комуникација сме со Албанија, Грција и Бугарија во однос на тоа како ќе се одвива отворањето на границите. Еден од предлозите е од следната недела да се отвори патувањето за членови на фамилија или од службен, економски интерес, во рамките на овие земји, а понатаму во периодот кој следи, по 15 јуни, границите и целосно да се отворат”, изјави синоќа министерот за здравство Венко Филипче, додавајќи дека е во тек дискусија за тоа дали е потребно да има тестирања на лицата кои ќе патуваат преку граница.

Наскоро отворени граници, но со мерки за превенција

“Многу веројатно дека нема да се бараат тестови заради тоа што не претставуваат апсолутна гаранција или сигурност. Претставува некаква сигурност ако е во комбинација со домашната изолација или карантините. Но, имајќи предвид дека ако се отворат границите и голем број луѓе ќе почнат да патуваат и тоа нема да биде само меѓу луѓето во регионот и нема да бидат посети од една во друга земја, туку ќе има многу патници кои ќе транзитираат низ некоја земја, тоа ќе изгуби смисла, рече Филипче во емисијата Топ тема на ТВ Телма.

XS
SM
MD
LG