Достапни линкови

Бугарија ќе ги отвори рестораните и кафулињата на 1 јуни


Софија, Бугарија

Бугарија в понеделник ќе им овозможи на рестораните и кафулињата да отворат со полн капацитет, бидејќи балканската земја дополнително ги олесни ограничувањата воведени во средината на март за да го запре ширењето на коронавирусот. Министерот за здравство Кирил Ананиев издаде нова наредба во вторникот вечерта, дозволувајќи им на баровите и рестораните во Бугарија, зависна од туризам, да се вратат во целост пред летната сезона. Ананиев исто така дозволи продолжување на културни и забавни настани, вклучувајќи театри, концерти и сценски претстави.

Патување без карантин меѓу Србија, Бугарија и Грција од 1 јуни

Сепак, дискотеките и ноќните барови мора да останат затворени бидејќи земјата останува под прогласена епидемиска состојба заради болеста ковид-19 до 14 јуни. Бугарија досега има 2.460 потврдени случаи на коронавирус, вклучувајќи и 133 смртни случаи, релативно низок број во Европа.

XS
SM
MD
LG