Достапни линкови

Патување без карантин меѓу Србија, Бугарија и Грција од 1 јуни


Бугарскиот премиер Бојко Борисов.

Бугарија соопшти дека се согласила со соседните Србија и Грција да ги олеснат рестрикциите за патување на 1 јуни воведени зарази спречување на ширењето на коронавирусот.

„Се договоривме со Грција од 1 јуни да дозволиме патување без карантин за луѓето кои патуваат заради бизнис, семејни или хуманитарни причини“, изјави денеска бугарскиот премиер Бојко Борисов.

По телефонската конференција со лидерите на Грција, Романија и Србија, Борисов рече дека Софија и Белград постигнале сличен договор и изрази надеж дека Романија наскоро ќе ѝ се придружи на иницијативата.

Бугарија ги затвори границите кон средината на март. Влез во земјата им беше дозволен на дипломатите, сезонските работници и бугарските државјани кои се враќаат од странство, но по враќањето мораше да поминат две недели во карантин.

Бугарија оваа недела ги олесни мерките за заштита. Денеска во земјата се регистрирани 24 нови случаи на коронавирус, со што вкупниот број на заразени достигна 2259, а 112 луѓе починаа.

Борисов рече дека целта е да се создадат услови за патување и туризам меѓу четирите земји, без 14-дневен карантин, со почитување на сите хигиенски услови за спречување на ширењето на вирусот.

Бугарија разговара и со Австрија и Германија за олеснување на условите за патување.

XS
SM
MD
LG